
Еден од најистакнатите италијански фудбалери на сите времиња, легендарниот Алесандро Дел Пјеро, изрази пофалби за играчите, тренерскиот тим и сопствениците на Комо по нивната прва историска победа во Лигата на шампионите.
Особено го нагласи фактот дека тимот на Ческ Фабрегас е единствениот италијански тим кој ја започна својата континентална авантура со победа.
Да потсетиме, ноќта Комо на својот терен го декласираше германскиот РБ Лајпциг, а Дел Пјеро изјави дека сега навива за Комо.
“Сè беше посебно, резултатот, првиот ден за Комо во Европа, испишувањето на историјата, атмосферата, ентузијазмот на луѓето… Многу позитивни работи се случија за Комо и ние сме пресреќни”, изјави импресионираниот Дел Пјеро за CBS Sports и додаде:
“Јас сум пресреќен зашто, претставувајќи ја Италија, постигнаа единствената победа меѓу четирите тима, затоа да навиваме за Комо”.
Испофали го напредокот што тимот го има под водството на Ческ Фабрегас.
“Исклучително добро се организирани и таа организираност ја покажуваат постојано. Имаат одлична енергија, не сакам да кажам дека доминираат на натпреварот, но всушност да, ја контролираат играта и имаат силен карактер”, додаде легендарниот капитен на Јувентус.