Дома Фудбал Фудбалерите од 21 година во Скопје ќе играат против Русија!

Фудбалерите од 21 година во Скопје ќе играат против Русија!

Младата македонска репрезентација до 21 година на 28 септември ќе одигра контролен натпревар против Русија, а овој дуел ќе биде воедно и деби за новиот селектор Александар Таневски.

Таневски досега ја предводеше селекцијата до 20 години, но веќе беше потврдено дека ќе седне на клупата на младинската репрезентација до 21 година, каде што го наследи Горан Станиќ.

Средбата со Русија ќе послужи како подготовка пред продолжението на квалификациите за Европското првенство во 2027 година. Македонија потоа ја очекуваат два натпревари на 1 октомври против Црна Гора и на 5 октомври против Шведска.

Контролниот дуел со Русите е закажан за 28 септември од 17 часот и ќе се игра во тренинг-центарот „Петар Милошевски“.

Русија, пак, по гостувањето во Скопје ќе продолжи со подготовките во Србија, каде што ќе одигра уште два натпревари против домашната селекција, на 2 и 5 октомври во Стара Пазова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хуан Мата објави крај на големата кариера!

Поранешниот играч за врска на Валенсија, Челси и Манчестер Јунајтед, како и на шпанската ф…