Дома Фудбал Хаос во Фенербахче: Ѕвездата пред камери дозна за шокантната одлука (Видео)

Хаос во Фенербахче: Ѕвездата пред камери дозна за шокантната одлука (Видео)

Натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Фенербахче и Рома заврши без победник со резултат 1:1, но тоа што се случи по натпреварот целосно го засени резултатот.

Тренерот на Фенербахче Исмаил Картал изненадувачки одлучи да ја напушти клупата на турскиот великан, а неговата одлука беше соопштена на новинарите веднаш по натпреварот.

Картал на прес-конференцијата изјави дека ја донел одлуката за да му отвори пат на својот клуб и дека нема повеќе да се враќа на функцијата што ја обавуваше.

“Од вечерва ја напуштив својата функција. Ја донесов оваа одлука за да му отворам пат на својот клуб. Решив да поднесам оставка и никогаш нема повеќе да се вратам”, рече Картал.

Сепак, вистинското неверување настана неколку моменти подоцна, кога Арчи Браун пристигна пред новинарите за да даде изјава по натпреварот.

Браун даваше изјава со помош на преведувач, кога новинар постави прашање за оставката на Картал.

“Исмаил Картал поднесе оставка. Дали зборуваше со вас?”, гласеше прашањето.

Браун тогаш видливо збунето погледна кон преведувачот, очигледно целосно несвесен за она што штотуку се случи.

“Што значи дека поднесе оставка? Тој веќе не е тренер? Тоа го рече сега? Не знаев”, запраша шокираниот фудбалер на Фенербахче.

🚨🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿 Ова е моментот кога играчот на Фенербахче Арчи Браун дозна дека Исмаил Картал дал оставка од својата функција како тренер! 🎙️

“Што значи дека поднел оставка? Што? Како тренер? Не знаев за ова.” 😳 pic.twitter.com/Iq8hZO7pDE— EuroFoot (@eurofootcom) 10 септември, 2026

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Продолжува драмата во Фенербахче: Картал го исклучил телефонот и не се појавил на тренингот

Иако претседателот на Фенербахче, Азиз Јилдирим, јавно ја одби оставката на Исмаил Картал,…