
На денешната Седница на управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше донесена одлука Алескандар Таневски да биде нов селектор на репрезентацијата до 21 години.
Таневски досега ја водеше селекцијата до 20 годин ии одличнои ја познава генерацијата фудбалери која треба да биде основа на новиот циклус.
На позицијата тој го наследува досегашниот предводник на оваа репрезентација, Горан Станиќ.
Исто така ФФМ избра и нов претседател на судискиот одбор, тоа ќе биде Дејан Јакимовски кој доаѓа на местото на Емил Божиновски кој од лични причини се повлече.
Останатите одлуки кои беа донесени можете да ги прочитате на официјалниот сајт на ФФМ – ТУКА.