
Официјално се објавени номинациите за петте клуба што ќе бидат во трка за престижната награда „Клуб на годината“ во анкетата за „Златната топка“.
На прво место е објавена номинацијата на англискиот Арсенал. Лондонскиот клуб помина одлична сезона под водство на Микел Артета, освојувајќи ја својата прва титула во Премиер лигата и стигна до финалето на Лигата на шампионите, каде по изведување пенали загуби од ПСЖ.
Втората номинација е за Баерн Минхен. Баварскиот гигант ја освои импресивната 35-та титула во Германија и продолжува да се претставува на импресивно ниво под водство на Винсент Компани.
Третото име е тоа на носителот на Лигата на шампионите Пари Сен Жермен. Французите се еден од највпечатливите тимови во светот последните две сезони, а апсолутната потврда на овој факт е нивната доминација во две последователни кампањи во најпрестижниот клубски турнир во светот.
Последните две, можеби и најизненадувачки номинации, се од престижното француско издание. Тоа се бразилскиот Фламенго и норвешкиот Боде/Глимт. Јужноамериканскиот гигант ја освои титулата во својата држава и го зеде трофејот во Копа Либертадорес. Скромниот клуб од норвешката провинција е една од најголемите сензации во европските турнири последниве неколку години, забележувајќи победи против гиганти како Манчестер Сити, Атлетико Мадрид и Интер, и тоа постигнувања реализирани целосно со локални играчи.