
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со сигурна победа го започна настапот на Челинџерот во Анталија.
Тетовчанката во првото коло без поголеми проблеми ја совлада српската тенисерка Миа Ристиќ со 2-0 во сетови со 6-1 и 6-3. Ѓорческа до триумфот стигна за еден час и 26 минути игра.
Првиот сет беше решен за 39 минути, во кои македонската тенисерка загуби само еден гем. Во вториот сет Ристиќ пружи поголем отпор, но Ѓорческа повторно беше подобра и со 6-3 го завери пласманот во следната рунда.
Од друга страна, македонскиот тенисер Олег Приходко не успеа да го мине првото квалификациско коло на Челинџерот во австрискиот Тулн.
Приходко по еден час и 31 минута игра загуби од Чехот Даниел Синиаков со 0-2 во сетови. Синиаков првиот сет го доби со 6-2, додека во вториот беше подобар со 6-4, со што го прекина настапот на македонскиот претставник на турнирот.