Дома Трансфер зона Официјално: Хандановиќ во Интер до 2021 година!

Официјално: Хандановиќ во Интер до 2021 година!

Голманот на Интер, Самир Хандановиќ денес и официјално стави потпис на нов договор и се обврза на верност до 2021 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хандановиќ е во Интер од 2012 година и сигурно е еден од најдобрите голмани во Серија А, па со новиот договор најверојатно до крајот на кариерата ќе остане на „Џузепе Меаца“.

„Интер со задоволство може да потврди дека го продолжува договорот со Самир Хандановиќ до 30. јуни 2021 година“, се вели во соопштението.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, според новиот договор, Хандановиќ ќе заработува три милиони евра по сезона, а доколку го одработи договорот до крај, ќе стане еден од голманите со најдолг стаж во богатата голманска историја која што ја има Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…