Дома Фудбал Готово: Јувентус договори нов напаѓач!

Готово: Јувентус договори нов напаѓач!

Италијанскиот гигант Јувентус има постигнато договор со Тотенхем за доведување на сенегалскиот играч за врска Папе Матaр Сар.

Како што известува доверливиот експерт за трансфери Фабрицио Романо, овој договор е целосно финализиран. Сар пристигнува во Торино на првична зајм со можност за откуп на договорот, која под одредени услови станува задолжителна.

Вкупната вредност на целиот трансфер е 30 милиони евра, сума која на крајот ќе биде исплатена на клубот од Лондон. Самите преговори со Сар беа без компликации бидејќи фудбалерот застана на ставот дека сака да се пресели во редовите на „Старата дама“.

Сар својата фудбалска кариера ја започна во сенегалската академија Гeнeрација Фут, од каде во септември 2020 година премина во францускиот Мец.

Поради импресивните настапи во Лига 1, Тотенхем го откупи во летото 2021 година за сума близу 17 милиони евра и го остави уште една сезона како позајмен во Мец. Откако помина неколку сезони во Премиер лигата, 23-годишниот Сенегалец планира продолжување на својата кариера во италијанската Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го сакаше и Барселона, но на крајот заврши во – Реал!

Реал Мадрид заврши уште еден трансфер на млад фудбалер, покажувајќи дека “кралскиот …