
Барселона е многу блиску до ангажирање на Габриел Жезус (29) од Арсенал. Според информациите од Cadena SER и AS, преговорите се во завршна фаза и каталонскиот клуб очекува да плати околу 10 милиони евра плус бонуси за бразилскиот напаѓач.
Жезус веќе не е клучен дел од плановите на Арсенал, а неговиот договор истекува следното лето. Барселона го гледа како добра можност за засилување на нападот по заминувањето на Роберт Левандовски. Ханси Флик го поддржал неговото доаѓање, а медицинските прегледи се очекуваат пред официјалната објава на трансферот.
Весникот El País оди чекор понатаму и тврди дека зделката е практично завршена за околу 10 милиони евра. Жезус се приклучи на Арсенал од Манчестер Сити во 2022 година, а пред неговото заминување во Англија играше за Палмеирас.