
Напаѓачот на Јувентус би можел до крајот на трансферниот рок да се приклучи на Атлетико Мадрид. Дали тоа значи дека Јулијан Алварез е минато за клубот од Мадрид?
Канадскиот репрезентативец, Џонатан Дејвид, може да го напушти Јувентус до крајот на трансферниот период.
Како што пишуваат странските медиуми, Атлетико Мадрид и Јувентус ќе ги продолжат преговорите за трансферот на канадскиот напаѓач во следните часови.
Покрај тоа, челниците на Јорганџиите продолжуваат преговорите и со луѓето кои се грижат за кариерата на напаѓачот на Јувентус за неговите лични услови.
Значи, Џонатан Дејвид е заинтересиран за трансфер, а и во Јувентус се подготвени да го продадат со оглед дека не ги исполни нивните очекувања во минатата сезона.
Тој пристигна во тимот на Старата дама од Лил, а минатата сезона за Старата дама одигра 46 натпревари во сите натпреварувања и постигна осум гола на кои додаде пет асистенции.
Дали инсистирањето на Атлетико за доведување на канадскиот напаѓач значи дека дефинитивно се откажале од Јулијан Алварез е прашање кое се поставува во шпанските медиуми.
Аргентинецот денес се врати на тренинзите, но тешко дека ќе остане во Мадрид. Барселона го посакува со сета сила, но Јорганџиите немаат намера да го продадат на нивниот голем ривал.