Дома Фудбал Бомбастичен трансфер и уште едно големо засилување за Тотенхем!

Бомбастичен трансфер и уште едно големо засилување за Тотенхем!

Илман Ендиај ова лето беше поврзуван со многу клубови во Премиер лигата, но во крајот ќе заврши во – Тотенхем, додека во спротивната насока ќе оди – Ришарлисон!

Веднаш по преносот дека Бразилецот побарал да замине од Тотенхем, доаѓа веста дека се враќа во – Евертон!

Дејвид Орнштајн потврди денес дека Илман Ендиај ги постигнал сите лични услови со Тотенхем до летото 2031 година, но не е познато колку ќе добие Евертон за обештетување. Всушност, можеби и Ришарлисон ќе биде дел од договорот.

Орнштајн вели дека овие трансфери ќе бидат одделни зделки, но разликата во обештетувањата би можела да биде пресудна. Евертон досега бараше над 80.000.000 евра за неговиот трансфер, па ќе видиме како ќе се развива ситуацијата односно како ќе го цени Тотенхем Бразилецот.

Без разлика на разликата, ова дефинитивно е одлична зделка за Евертон, кој го доведе Ендиај од Олимпик Марсеј летото 2024 година за 17.700.000 евра, а досега има постигнато 17 голови и има четири асистенции на 73 натпревари.

Ендиај ќе биде уште едно големо засилување за нападот на Тотенхем, откако ова лето пристигнаа Савињо и Омар Мармуш од Манчестер Сити.

Од друга страна, Ришарлисон би можел да се врати во Евертон каде што играше до 2022 година, кога и премина во Тотенхем за 60.000.000 фунти. Бразилецот за Тотенхем одигра 134 натпревари, постигна 32 гола, додека претходно за Евертон постигна 53 на 152 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што подготвува Јуве за крајот на трансферниот период, и каква реакција предизвика Кеси?

Два натпревара, две победи без примен гол на почетокот на новата сезона во Серија А. На пр…