
Хулијан Алварез сепак би можел да заигра за Барселона, но тоа ќе биде од јануари наредната година. Се појави интересна опција која би можела да го одведе Аргентинецот од Атлетико Мадрид, кој не го пушта во редовите на големиот ривал.
Во комплетната приказна околу трансферот се вклучи саудискиот Ал-Хилал. Овој клуб е подготвен да го прекине теророт врз Алварез и да помогне Барса да го донесе во своите редови.
Според информациите кои доаѓаат од Шпанија, Саудијците стапиле во контакт со Барса и со играчот и им понудиле интересно решение кое би го довело на Камп Ноу.
Ал-Хилал е подготвен веднаш да го откупи 26-годишникот од Атлетико за 120 милиони евра. Веднаш би ставиле посебна клаузула во договорот за Барселона, која би изнесувала 130 милиони евра и би го пуштиле Алварез во Каталонија веќе во јануари 2027 година.
Саудијците сметаат дека ова за нив е добитна комбинација. Би имале врвен напаѓач во наредните неколку месеци, а воедно би заработиле 10 милиони евра на трансферот.
Ваква опција е нешто што само Саудијците можат да го измислат. Ќе видиме дали Хулијан и Барселона ќе се согласат на вакво нешто. Не би било изненадување ако се случи.
Аргентинецот моментално е надвор од теренот поради депресија. Медицинските наоди го држат далеку од тимот во кој повеќе не сака да игра.
Во меѓувреме, Арсенал покажал интерес за неговите услуги. Сепак, неговата желба е јасна, тој сака само во Барселона и ќе направи сé за тоа да се случи.
Аргентинскиот напаѓач на Метрополитано пристигна летото 2024 година. За него беа издвоени 75 милиони евра на екипата на Манчестер Сити.