Дома Фудбал Готово: Емилијано Мартинез има нов клуб

Готово: Емилијано Мартинез има нов клуб

Челзи заврши договор за трансфер на голманот Емилијано Мартинез од Астон Вила за сума од 9 милиони евра, според англиските медиуми.

Аргентинскиот репрезентативец наскоро треба да ги изврши медицинските прегледи во Лондон, по што ќе потпише договор со “Сините”.

Доаѓањето на 33-годишниот голман следува по нови критики на сметка на Роберт Санчес.

Шпанецот во понеделник против Фулам (3:2) направи неколку сериозни грешки, вклучувајќи една при голот на Џош Кинг.

Челзи претходно се обидуваше да му даде поддршка на Санчес, но неколку дена пред крајот на трансфер рокот реши да ја зголеми конкуренцијата со ангажирање на искусниот Мартинез.

Астон Вила беше подготвена да го ослободи Аргентинецот откако го донесе Зион Сузуки од Парма за околу 35 милиони евра.

Мартинез претходно беше блиску до трансфер во Јувентус, но тој договор пропадна поради загриженост околу повреда на прстот.

Се смета за еден од најдобрите голмани во светот, а е особено познат по одбраните на пенали.

По Арсенал, во 2020 година премина во Астон Вила, каде што брзо стана еден од клучните играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендата на Ливерпул е пред банкрот поради неподмирен даночен долг

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и англискиот репрезентативец, а денес телевизиски аналити…