Дома Фудбал Се подготвува сензација, Мората е на чекор до играње во Сегунда?!

Се подготвува сензација, Мората е на чекор до играње во Сегунда?!

Мозес Кен е сè поблиску до премин во Комо од Фиорентина, а тоа најверојатно ќе значи и крај на престојот на Алваро Мората во екипата на Сеск Фабрегас.

Поранешниот капитен на шпанската репрезентација би можел да направи еден од најнеочекуваните потези во кариерата и да се префрли во редовите на Леганес, клуб кој се натпреварува во вториот ранг на шпанскиот фудбал, познатата Сегунда.

Се работи за позајмица од Комо, а клубовите сè уште треба да ги договоруваат последните детали од зделката.

Мората минатата сезона пристигна во Комо, но не успеа да најде вистински ритам.

Во Серија А не постигна ниту еден гол, а одигра 26 натпревари.

За 33-годишниот напаѓач, кој за време на богатата кариера играше за Реал Мадрид, Јувентус, Челси, Атлетико Мадрид, Галатасарај и Милан, премин во втората шпанска лига би бил сосема поинаков предизвик.

Леганес во Мората гледа големо засилување во борбата за враќање во Ла Лига. Клубот од предградие на Мадрид не може да му понуди плата каква што моментално има во Италија, па ќе биде потребно Комо да преземе дел од неговите примања за да се реализира позајмицата.

За Мората тоа би било враќање во добро познато опкружување. Роден е во Мадрид и потекнува од Реал.

Со неговото доаѓање, Леганес би го добил едно од најголемите имиња во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал раскина со крилниот играч!

Иако имаше уште една година договор со Арсенал, Реис Нелсон повеќе нема да биде играч на о…