
Интер Мајами ја продолжува традицијата на ангажирање на аргентински тренери од доаѓањето на Лионел Меси во клубот.
По заминувањето на Хавиер Маскерано во април, како привремен тренер работеше Гиљермо Хојос.
Сега во клубот одлучија да назначат постојан шеф на стручниот штаб и повторно доаѓа од Аргентина.
Станува збор за некогашниот одличен играч на Валенсија и Интер, Кили Гонзалес.
Тој како тренер работеше во својата татковина. Го водеше Росарио Централ две години, потоа исто толку работеше во Унион Санта Фе, а последниот ангажман му беше во Платенсе.