Дома Фудбал Барселона се налути и вечерва нема да им оддаде почит на своите светски шампиони

Барселона се налути и вечерва нема да им оддаде почит на своите светски шампиони

На првиот меч на домашен терен сезонава против Атлетик Билбао, Барселона нема да им оддаде почит на своите играчи кои со Шпанија го освоија Светското првенство, туку ќе ја поддржи истакнувањето на естеладата.

Каталонскиот клуб претходно планираше признание за осумте свои фудбалери кои минатиот месец со Шпанија го освоија светскиот наслов. За разлика од другите шпански клубови, кои во соработка со сојузот веќе организираа слични церемонии со трофејот и селекторот Луис де ла Фуенте, Барселона се повлече од оваа идеја по инцидентот во Елче минатиот викенд.

Клубот истакнува дека на еден навивач пред натпреварот полицијата му ја запленила естеладата, знаме кое го симболизира каталонското движење за независност. Младиот навивач потоа влезе во конфликт со полицајците, кои го удирале со палки и го привеле.

Наместо церемонија за шпанските репрезентативци, пред Камп Ноу се планира да се поделат 10.000 есталади, а претседателот на клубот Жоан Лапорта го поддржа мирниот собир. Тој порача дека сега не е „најсоодветно време“ за давање почест на играчите и додаде дека „фудбалот треба да обединува, а не да создава конфликти“.

Меѓу светските прваци на Барселона се Жоан Гарсија, Ерик Гарсија, Педри, Пау Кубарси, Гави, Родри, Дани Олмо и Ламин Јамал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вечерашниот состав зборува сè, договорен е еден од најголемите трансфери ова лето!

Челси вечерва на Стемфорд Бриџ игра против Лутон во второто коло од Лига купот, но меѓу иг…