
Доминик Ливаковиќ официјално стана новиот голман на Барселона. Искусниот хрватски чувар на мрежата ги заврши медицинските тестови и стави потпис на договорот со каталонскиот тим до јуни 2030 година.
Барселона ќе уплати два милиони евра на Фенербахче како дел од потврдениот трансфер, додека уште 500.000 евра ќе се исплатат преку бонуси. Ливаковиќ пристигнува на 31 година со богато искуство од клубовите низ Европа.
Има блескава кариера зад себе со 310 настапи за Динамо Загреб, 108 за НК Загреб и 74 за Фенербахче. За националниот тим на Хрватска има одиграно дури 79 натпревари.
Планот на Барселона е Ливаковиќ да биде резервната опција на тренерот Ханси Флик. Првиот избор на голот е Џоан Гарсија, додека хрватскиот голман ќе биде прва резервна опција пред Вочјек Шченсни.
Ливаковиќ, во Барса до 2030. ✍️ pic.twitter.com/Yisn2EE2Xs
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 27, 2026
Поголема сигурност меѓу стативите. Добредојде, Ливаковиќ 🧤 pic.twitter.com/N7QzaXQqSg
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 27, 2026