
Милан е решен да ја засили екипата во самиот финиш на трансфер периодот, а вниманието на италијанскиот гигант го привлече играч на Ливерпул.
Се работи за Харви Елиот, 23-годишниот англиски играч од средниот ред, кој би можел да го напушти Енфилд ова лето, доколку пристигне понуда која би ги задоволила сите страни.
Според информациите што ги пренесува “CaughtOffside”, Милан е подготвен да започне преговори со Ливерпул пред затворањето на трансфер периодот.
Италијанскиот клуб веќе ја проценил вредноста на англискиот фудбалер, но таа се разликува од износот што Ливерпул би сакал да го добие за трансферот.
Имено, Милан ја проценува вредноста на Елиот на помеѓу 20 и 25 милиони евра, додека се очекува дека Ливерпул би можел да побара дури 35 милиони евра.
Токму прашањето на обештетувањето би можело да биде клучно во преговорите кои наскоро треба да започнат.
Елиот е член на Ливерпул од 2019 година, кога како тинејџер дојде од Фулам, а низ годините напредуваше до првиот тим и доби можност да игра на највисоко ниво.
Иако имаше забележителни моменти во дресот на Редси, конкуренцијата за место во средниот дел и на офанзивните позиции е исклучително голема.