Дома Фудбал Шпанија „гори“: Никој не ја „шамарал“ Барселона како Атлетико Мадрид

Шпанија „гори“: Никој не ја „шамарал“ Барселона како Атлетико Мадрид

Првиот човек на Барселона рече дека сè уште го сакаат Хулијан Алварез, а тогаш следуваше одговорот на Атлетико Мадрид. И тоа каков.

Се одбројуваат деновите до затворањето на летниот преоден рок низ цела Европа, а изгледа дека не очекуваат уште многу возбудувања, особено во Шпанија.

Имено, иако Атлетико Мадрид пред неколку дена изјави дека нема ниту една шанса Хулијан Алварез да биде продаден на Барселона, првиот човек на каталонскиот клуб Жоан Лапорта нема лесно да се откаже.

Денес тоа јавно го порача, а неговата изјава ги разбуди страстите во Шпанија, па не се чекаше долго за одговор од Атлетико.

„Знаеме дека Алварез е на продажба. Сè уште сакаме да го купиме и сме подготвени да испратиме понуда. Сакам да нагласам дека кон Атлетико се однесуваме со многу почит”, изјави првиот човек на Барселона.

Но, одговорот на Атлетико пристигна брзо и по него е јасно дека Алварез нема да игра во Барселона. Без оглед колку тоа го посакуваат во каталонскиот клуб.

„Од Хулијан се прави жртва, а всушност, ние сме единствените жртви во овој случај. Барселона ни нанесе економска и социјална штета. Ситуацијата нема врска со парите, туку со достоинството и постои 0 проценти шанса да го продадеме на Барселона. Во тек е кампања со многу лаги и полувистини и единствениот што плаќа е Атлетико.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емилијано Мартинес во Челзи

Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинес, е предложен на Челзи од своите претставници, а…