
Откако Најџел де Јонг откри дека Чави не бил прв избор за селектор на репрезентацијата на Холандија, шпанскиот тренер не сакаше да создава голема драма околу тоа.
Де Јонг на денешната прес конференција изјави дека првите кандидати за кормилото на Холандија биле Пеп Гвардиола и Арне Слот, додека Шави наводно бил само трета опција.
Таквите зборови не го трогнаа поранешниот тренер на Барселона, кој на прес конференцијата даде многу јасен одговор.
„Ништо не ми значи дали сум трет или десетти избор! Имам чест да бидам селектор на Холандија”, изјави Чави, кој исто така додаде:
“Имам многу врски со оваа земја. Имам чувство како да одам на универзитетот на фудбалот. Сакам мојот тим секогаш да ја има топката во својот посед, но да игра со многу страст.
Тука сме за да се натпреваруваме, тука сме за да уживаме и тука сме за да победуваме. Повторувам: тука сме за да ПОБЕДУВАМЕ. Сакам тука да создадам една голема фамилија.”