Дома Фудбал Јувентус го договори вториот голман

Јувентус го договори вториот голман

Јувентус постигна целосен договор со Волфсбург за трансферот на Камил Грабара.

Според Флориан Плетенберг, полскиот репрезентативец пристигнува во Торино на заем, а во договорот помеѓу двата клуба постои опција за купување за 12 милиони евра. Грабара веќе пристигна во Италија и во следните часови треба да помине медицински прегледи.

Порано денес, Јувентус официјално го испрати Микеле Ди Грегорио на заем во Борнмоут. Според Фабрицио Романо, и во оваа зделка постои опција за купување за 14 милиони евра.

По истата шема, “бјанконерите” го привлекоа и Гулиелмо Викарио од Тотенхем. Тој исто така е на заем со опција за купување за 10 милиони евра. Планот е италијанецот да биде прв на голот на Јуве, а Грабара да биде втор избор. Матиа Перин, пак, треба наскоро да го финализира својот трансфер во Палермо.

Грабара беше привлечен од Волфсбург пред две години, кога клубот плати 13,5 милиони евра за него од Копенхаген. Полјакот беше сопственост на Ливерпул во периодот 2016-2021, но беше позајмен на други тимови и никогаш не одигра официјален натпревар за “мрсисајдерите”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул не се откажува од Минте, иако може да изостане до три месеци

Ливерпул не се откажал од идејата да го привлече крилото на Брајтон Јанкуба Минте и прегов…