Дома Фудбал Ливерпул не се откажува од Минте, иако може да изостане до три месеци

Ливерпул не се откажува од Минте, иако може да изостане до три месеци

Ливерпул не се откажал од идејата да го привлече крилото на Брајтон Јанкуба Минте и преговорите меѓу двата клуба продолжуваат. Според Флориан Плетенберг, 22-годишниот фудбалер може да изостане уште 2-3 месеци поради повредата што ја има во моментот.

Ова, сепак, нема да ги одврати мерсисајдците кои се сосредоточиле на него за позицијата на десното крило, бидејќи профилот му е многу сличен со Мохамед Салах.

Брајтон веќе одби две понуди од Ливерпул за гамбијанецот, кои беа соодветно за 50 и 60 милиони фунти. „Чајките“ го оценуваат играчот на 70 милиони, но според Бен Џејкобс, најверојатно мерсисајдците ќе понудат 65 милиони, што ќе биде нивната последна понуда. Ако таа не биде прифатена, Ливерпул има и други опции, како една од нив е Ибрахим Мбае, но деновите до крајот на летниот преоден рок се премалку.

Очекувањата се Ливерпул секој момент да направи и понуда кон ПСЖ за Брадли Баркола, која да биде прифатена од париските. Двата клуба водат континуирана комуникација и според повеќето извори веќе се приближиле во поглед на цената на францускиот репрезентативец. Се претпоставува дека трансферот ќе изнесува околу 120 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус го договори вториот голман

Јувентус постигна целосен договор со Волфсбург за трансферот на Камил Грабара. Според Флор…