
Трабзонспор продолжува да привлекува големи имиња, па по Мохамед Салах во клубот пристигна уште еден поранешен фудбалер на Ливерпул – Фабињо.
Бразилецот доаѓа во турскиот клуб како слободен играч, откако му истече договорот со саудискиот Ал-Итихад.
Трабзон потврди трансферот со објавување на фотографии на Фабињо во клубскиот дрес од приватен авион, а искусниот плејмејкер во меѓувреме пристигна во Трабзон.
“Во Трабзон ме чека добро познато лице”, порача Фабињо, алудирајќи на Салах.
Тие двајца заедно го носеа дресот на Ливерпул и беа дел од тимот кој во 2019 година ја освои Лигата на шампионите, а една година подоцна и титулата шампион на Англија.