Дома Фудбал Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но победата во Торино никако не треба да ги одвлече мислите на управата на клубот од намалување на составот и правење напори за првата значајна продажба.

Негов протагонист треба да биде Рафаел Леао, кој не се вклопува во формацијата на тренерот Рубен Аморим, па во овој момент се разгледуваат најдобрите опции за разделба.

Веќе неколку дена најсериозниот кандидат за потпис е Галатасарај, на чија претходни две понуди Милан остана имун, но работите би можеле да се придвижат од мртва точка поради желбата на Португалецот да ја продолжи кариерата во Истанбул.

Според познатиот италијански новинар Саша Таволиери, Леао веќе ги информирал челниците на Милан дека Галатасарај е единствената опција, доколку одлучи да замине од клубот.

Ако двата клуба не се усогласат околу условите за трансферот на поранешниот играч на Спортинг и Лил, Леау ќе остане на “Сан Сиро”, бидејќи договорот му истекува дури летото 2028 година.

Поради повреда на мускулите, Леао не беше во тимот на гостувањето во Торино, а ќе видиме колку ќе се промени ситуацијата до петок, кога во Милано гостува Венеција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Последниот танц на Хакан Чалханоглу во дресот на Интер?

Хакан Чалханоглу би можел да го напушти Интер без обештетување на крајот на сезоната 2026/…