Дома Фудбал Манчестер Сити подготвува понуда за Енцо Фернандес

Манчестер Сити подготвува понуда за Енцо Фернандес

Њукасл и Манчестер Сити постигнаа усмен договор за трансферот на Нико Гонсалес, кој ќе се приклучи на “Сент Џејмс Парк” за трансферна сума од 47 милиони фунти плус дополнителни три милиони во форма на бонуси. Самиот играч исто така даде согласност, откако беше убеден дека ќе има клучна улога во новиот проект на Њукасл,

Шпанецот е следниот играч за врска кој го напушти Манчестер Сити ова лето. Пред него тоа го направија Бернардо Силва, Родри и Тијани Рајндерс. Сити, пак, веќе го ангажираше Елиот Андерсон од Нотингам Форест за 116 милиони фунти, а вчера го договори и трансферот на Ајуб Буади од Лил за 85.6 милиони фунти.

До крајот на неделата се очекува “граѓаните” да поднесат понуда и за Енцо Фернандес, за кого Челси бара 120 милиони фунти.

Во Њукасл, пак, го гледаат Нико Гонсалес како соодветен заменик на Бруно Гимараеш.

Манчестер Сити го ангажираше Шпанецот од Порто во февруари 2015 година за 50 милиони фунти. Тој одигра вкупно 59 натпревари за “граѓаните” во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…