Јувентус вечерва му гостува на Наполи во дербито на Серија А.
Наполи во натпреварот влегува со четири бодови предност во однос на актуелниот шампион. Фудбалерот од средината на Јувентус, Миралем Пјаниќ е сигурен дека иако Наполи го игра најубавиот фудбал, Јувентус ќе биде тој кој што на крајот ќе се слави
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова ќе биде голем предизвик. Го кријат тоа, но јасно е дека играат на Скудето и дека останатото им е помалку важно. Искрено им честитам. Убаво е да се гледа како игра Наполи, но Јувентус на крајот секогаш победува бидејќи е тим кој знае да направи разлика. Наполи, игра најубаво, но на крајот друг се радува. Се надевам дека така ќе биде и овој пат“.
„Играв во Рома која секогаш играше добро, беше во врвот, но на крајот тешко беше да се носиме со Јувентус кој секогаш е пред останатите“, изјави Пјаниќ.