Дома Фудбал Елмас потпиша, има нов клуб!

Елмас потпиша, има нов клуб!

Елиф Елмас направи изненадувачки трансфер и кариерата ќе ја продолжи во Аталанта. Македонскиот репрезентативец не беше меѓу фудбалерите кои во изминатиот период се поврзуваа со италијанскиот клуб, a трансферот бил експресно завршен.

За Елмас се споменуваа неколку можни дестинации, но Аталанта не беше дел од листата. Сепак директорот Џунтоли експресно реагирал на желбата на Маурицио Сари. Договорот бил постигнат за само 24 часа.

Со овој трансфер Елмас повторно се враќа во Италија, каде што претходно настапуваше за Наполи и Торино. И во Аталанта македонскиот фудбалер ќе игра како позајмен, исто како и минатата сезона во Наполи.

За Елмас ова ќе биде нова можност повторно да се докаже во италијанскиот фудбал и да се наметне во екипа со високи амбиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најлудиот потег на Мурињо ова лето: Бисерот на Барселона како „одмазда“ за Родри!

Реал Мадрид не заврши со засилувањата ова лето. До крајот на преодниот рок кралскиот клуб …