
Не се случува често изведување на ауто да стане главна поговорка во светот на фудбалот, но тоа го направи Надар Мохамади.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иранскиот фудбалер од Спартак Кострома, Надар Мохамади, постигна неверојатна изведба на ауто и го постави новиот рекорд во руската фудбалска лига. Мохамади е веќе добро познат по својот необичен начин на изведување на аути, но овојпат успеа да надигра сам себе.
Фудбалерот од Спартак ја фрли топката цели 45,6 метри, со што, според податоците на платформата RUSTAT, постави апсолутен рекорд за најдолг ауто изведен во највисоките рангови на рускиот фудбал откако се следи оваа статистика.
Бројките стануваат уште пофасцинантни кога ќе ја согледате целата траекторија на топката.
Заради високата патека, топката во воздухот помина дури 51,6 метри, а во еден момент достигна висина од 10,8 метри. Ова изгледа повеќе како долго исфрлање на голманот, отколку како убфрлување на топката рачно од линијата на аут.
Мохамади има и многу препознатлива техника. Пред да ја исфрли топката, ги изведува салтот со неа, создавајќи дополнителна сила и ја испраќа длабоко кон противничкиот казнен простор.
Овие аути за неговиот тим се речиси како корнер удари.
🤯🇮🇷🇷🇺 Надар Мохамади од Спартак Кострома изведе неверојатен 45,6 метри долг ауто против Уфа! 🚀
— EF (@EURASIAFOOTBALL) August 18, 2026
Топката патуваше 51,6 метри и достигна максимална височина од 10,8 метри — најдолг ауто сниман од играч во РПЛ или ФНЛ откако RuStat почна да ги следи податоците во 2021. pic.twitter.com/xyGKZi1G5r