Дома Бокс Спектаклот меѓу Фјури и Џошуа ќе се одржи во Њујорк

Спектаклот меѓу Фјури и Џошуа ќе се одржи во Њујорк

Долгоочекуваниот дуел меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа најверојатно ќе се одржи на 20 ноември во „Мединсон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Иако Вембли долго време се споменуваше како прва опција, се чини дека двајцата боксери се согласиле дека домаќин на големиот спектакл ќе биде една од најпознатите спортски арени во светот.

Главната причина за ваквата одлука е фактот што борбата ќе се емитува на Netflix во терминот на американскиот прајм тајм, околу 21 часот по локално време. Таквиот термин, меѓутоа, нема да одговара на љубителите на боксот во Велика Британија, кои повеќе од една деценија го чекаат овој дуел.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Фановите на боксот се шокираа кога го слушнаа терминот за мечот Фјури – Џошуа!

Тајсон Фјури и Антони Џошуа ќе се најдат во рингот до крајот на годината. Официјалниот дек…