Дома Фудбал Интер продолжува со засилувања од Англија

Интер продолжува со засилувања од Англија

Откако ова лето го доби дефанзивецот Џон Стоунс (32) од Манчестер Сити без обештетување, а за десниот бек Џед Спенс (26) плати на Тотенхем 30 милиони евра, освојувачот на италијанската двојна круна се насочува кон уште еден Англичанец.

Според Газета дело Спорт, Интер планира да понуди 30 милиони евра за Кертис Џонс (25), фудбалер од средниот ред на Ливерпул, со очекување дека оваа сума ќе биде доволна бидејќи Џонс наредното лето му истекува договорот.

Џонс досега има одиграно 228 натпревари за Ливерпул, при што постигнал 22 и асистирал за 25 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се откажа од дебатата за улогата на Кимих во Германија

Јирген Клоп ја изрази својата фрустрација од постојаните прашања за иднината на Јошуа Кими…