Дома Фудбал Поранешниот фудбалер на Баерн се врати на терен три месеци по пензионирањето, никогаш не бил подебел (Видео)

Поранешниот фудбалер на Баерн се врати на терен три месеци по пензионирањето, никогаш не бил подебел (Видео)

Поранешниот одбранбен играч на баварскиот Баерн Минхен, Никлас Зуле, ја изненади фудбалската јавност со своето враќање на теренот, само три месеци по завршувањето на својата професионална кариера.

Зуле во мај го раскина договорот со Борусија Дортмунд поради нова повреда на коленото, ставајќи го на прво место своето физичко и ментално здравје. Но, сепак, неговата љубов кон фудбалот не исчезна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Триесетгодишниот одбранбен играч дебитираше за СВ Тифенбах, тим кој се натпреварува во деветата лига на германскиот фудбал. Интересно е што овој поранешен дефанзивец не играше на својата вообичаена позиција, туку ја започна средбата како централен напаѓач.

Зуле успеа да постигне гол, но неговиот тим немаше многу причини за радост. Тифенбах беше поразен со резултат 7:2.

Во текот на кариерата, тежината на Зуле била честа тема на дискусија. Тој е висок 195 сантиметри, а неговата тежина во еден момент надминала 110 килограми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Решена е иднината на Хулијан Алварез!

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се обрати пред натпреварот со Малага, при што …