
Екипата на Шкендија Арачиново приреди изненадување во третото коло од првата лига откако на гости во Кавадарци славеше со 1-0.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот кој се играше во Кавадарци сигурно беше и најдобриот од почетокот на сезоната, посебно првото полувреме кое донесе шанси и многу активна игра. Тиквеш повеќе напаѓаше, сепак и упати повеќе удари, но гостите беа подобри во реализацијата.
По едно нафрлување од левата страна новото засилување за тимот од Арачиново, Марко Симоновски со глава во 27-та минута ја смести топката во мрежата.
Тиквеш создаде уште некоја прилика до крајот на паузата, меѓутоа не го најде патот до мрежата.
Во второто полувреме ситуацијата малку се промени, домашниот состав како да загуби сили, Шкендија се повлече и успеа да ја зачува предноста до крајот.
За Тиквеш ова беше прв пораз во сезоната откако во првите две кола постигна дури десет гола, додека за дебитантот Шкендија Арачиново ова е историска, прва победа во најсилното првенство. Претходно во запишаа реми со Силекс и пораз од Струга.
Во натпреварот кој почна половина час порано денеска Силекс лесно се справи со Скопје и славеше победа со 3-0.