Дома Фудбал Мурињо планира да искористи ѕвезда на Реал Мадрид во необична улога

Мурињо планира да искористи ѕвезда на Реал Мадрид во необична улога

Жозе Мурињо интензивно размислува за начинот на кој би ја поставил екипата на Реал Мадрид, а една од поинтересните идеи се однесува на улогата на Трент Александер-Арнолд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите од шпанското радио “La SER”, португалскиот стратег разгледува можност англискиот репрезентативец да го користи во средниот ред.

Мурињо наводно верува дека Александер-Арнолд со своите карактеристики може да и помогне на екипата да воспостави поголема контрола над натпреварите.

Англичанецот пристигна во Реал Мадрид како играч кој најголемиот дел од кариерата го поминал на позицијата десен бек, каде што со својот квалитет во дистрибуцијата на топката го изгради своето име меѓу најдобрите играчи во светот.

Сепак, средниот ред за него не е целосно непозната територија. Александер-Арнолд уште во периодот во Ливерпул повремено добиваше послободна улога и влегуваше во средината на теренот, исто како и во репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона може да се насочи кон “новиот” Луис Суарес

Барселона размислува за можноста да го проба нападателот Луис Суарес, ако не успее да го д…