Дома Фудбал Роналдо се врати на тренинзи со нов изглед по венчавката (Фото)

Роналдо се врати на тренинзи со нов изглед по венчавката (Фото)

Кристијано Роналдо се врати на тренинзи во саудискиот клуб Ал-Наср само неколку дена откако потврди венчавка со долгогодишната партнерка Георгина Родригез. Иако веста за брак ја објави пред три дена, веќе вчера се приклучи на соиграчите во подготовките за новата сезона. Роналдо на тренингот покажа и нов изглед, а навивачите ги изненади со значително пократка коса и нова фризура.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новата сезона на саудиската Премиер лига почнува веќе утре. Ал-Наср на отворањето го пречекува Ал-Фатех на домашен терен, со што започнува одбраната на титулата. За венчавката на Роналдо и Георгина се шпекулираше недели пред официјалната потврда. Парот сега потврди дека се во брак, но сé уште не откриле дали тој настан го одбележале и со свадбена прослава.

Погледнете ја оваа објава на Instagram

Објава споделена од Cristiano Ronaldo (@cristiano)

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нови акционери на Ливерпул: Безос и Саверин

Сопствениците на Ливерпул, Fenway Sports Group, официјално го објавија нивниот договор со …