Дома Фудбал Де Јонг: Доста ми е од лагите за мене

Де Јонг: Доста ми е од лагите за мене

Френки де Јонг реши да ја прекине медиумската тишина и во интервју за клупските медиуми остро одговори на критиките и новинарските написи за неговите повреди и односот со тренерот Ханси Флик. Холандскиот играч за врска порача дека е лут поради лагите што се пишуваат за него и дека му е од сè доста.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Многу ме погодува сè што се случува. Фрустриран сум затоа што најмногу сакам да играм фудбал, особено за Барселона и репрезентацијата, па секоја повреда многу ме нервира. Но сега се објавуваат многу невистини. Гледам дека тоа ми штети на угледот и влијае на перцепцијата на луѓето за мене. Тоа ме лути и иритира“, изјави Де Јонг. Додаде дека ги прифаќа критиките за својата игра: „Секој може да има свое мислење. Ако некој каже дека сум лош играч или дека немам квалитет за Барса, тоа е во ред, иако мислам дека грешат.“

Особено ги демантираше написите дека минатата година одбил да игра против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. „Тоа е целосна лага. Едноставно не е вистина. Мојот сон е да играм за Барселона, а особено во најважните натпревари од Лигата на шампионите. Секако дека сакам да бидам на терен, тоа го сака секој играч. Не разбирам како некој може да измисли дека сум одбил да играм.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим без милост: Отпиша дури седум фудбалери на Милан!

Рубен Аморим веќе започна со значајни промени во екипата на Милан, а според најновите инфо…