Дома Фудбал Лудо: Новица и Богдан купиле автомобил и поминаа 5.800 километри во 24 дена за го гледаат Партизан (Фото)

Лудо: Новица и Богдан купиле автомобил и поминаа 5.800 километри во 24 дена за го гледаат Партизан (Фото)

Поради долгиот пат до Казахастан експедицијата на Партизан реши да тргне два дена порано за да се адаптира на условите и временската разлика (три часа). Летот со авион траеше пет и пол часа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, двајцата најверни обожаватели на Партизан, Новица и Богдан, изминаа 5.800 километри со автомобил, патуваа од Белград цели 24 дена за да навиваат за црно-белите. Нивното патување беше возбудливо и сигурно ќе го паметат долги години.

„Поминавме 5.800 километри. Одевме постепено. Тргнавме на 19 јули и ни требаа 24 дена. Уживаме во секој момент од патувањето до Казахстан, а натпреварот беше круна на нашиот пат“, изрази задоволство Новица за постигнувањето на целта.

Богдан не ја крие возбуда и споделува неколку искуства од патувањето.

„Немавме многу проблеми со автомобилот, мал проблем имавме на Кавказ, каде што пукна црево. Го решивме проблемот за еден час. Интересно е што го купивме автомобилот специјално за овој пат. Размислувавме да го оставиме, но сега ни е премногу драг, па ќе се вратиме со него во Белград“.

Имаше предизвици и нервози, но среќно, големите поддржувачи на Партизан успешно стигнаа до своето крајно одредиште.

„Сите луѓе беа пријателски настроени. На граничните премини имаше разни ситуации, но на крајот повеќето ни излегоа во пресрет“, со насмевка заклучија Богдан и Новица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пропадна трансферот на Манчестер сити од 140 милиони евра

Енцо Мареска практично ги намали шансите Манчестер Сити денес да го исполни ултиматумот на…