Дома Фудбал Oва може да биде еден од трансферите на летотот – Осимен во Премиер лигата!?

Oва може да биде еден од трансферите на летотот – Осимен во Премиер лигата!?

Виктор Осимен може конечно да се пресели во Премиер Лигата и тоа во Арсенал!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неколку медиуми објавија дека Арсенал и Галатасарај се во преговори за Габриел Мартинели, но во исто време, тие го искористија моментот за да се информираат и за можностите околу Осимен.

Летово, нигерискиот фудбалер се доведуваше во врска со многу клубови, вклучувајќи ги Тотенхем и Атлетико Мадрид, но немаше конкретни преговори.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, го изрази интересот да добие уште еден одличен напаѓач покрај Виктор Ѓокереш, а вниманието го насочи кон Осимен.

Се шпекулира дека Галатасарај би го продал за сума од помеѓу 75.000.000 и 85.000.000 евра, што не претставува пречка за Арсенал.

Осимен минатото лето се приклучи на екипата за 75.000.000 евра од Наполи, по завршувањето на едногодишната позајмица во турскиот клуб.

Овој 27-годишен напаѓач е докажан голгетер, со неколку одлични сезони зад себе.

Во дресот на Галатасарај одигра 74 натпревари со импресивен биланс од 59 голови и 16 асистенции, покажувајќи дека турската лига ја има надминато.

Ќе видиме дали Галата ќе прифати некаква размена, со доплата, бидејќи Арсенал се подготвени да го продадат Бразилецот за 45.000.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона повторно може да има напаѓач кој се вика Луис Суарез!

Трансферот на Хулиан Алварез од Атлетико Мадрид во Барселона е тема на разговори од завршу…