
Трансферот на Хулиан Алварез од Атлетико Мадрид во Барселона е тема на разговори од завршувањето на Светското првенство, но се чини дека Аргентинецот ќе остане во Мадрид.
Иако реши да не се појавува на тренинзите на “Јорганџиите”, управата на клубот не планира да ја прифати уцената и да го продаде својот врвен играч, така што Барселона полека се откажува од овој трансфер.
🚨🔵🔴 EXCLUSIVE: Barcelona размислува за напаѓачот на Спортинг, Луис Суарез, како еден од опциите – доколку договорот со Хулиан Алварез не се оствари.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) 14 август, 2026
Не е лесно бидејќи е клучен играч за Спортинг, но е дел од листата на Барса.
Барса ќе го разгледа Суарез и други опции од следната недела – ако договорот со Хулиан остане блокиран. pic.twitter.com/LFPEuCW056
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова го потврдуваат и последните информации кои ги објави Фабрицио Романо, кој обелодени дека Барселона размислува за други напаѓачки опции, со фокус на Луис Суарез од Спортинг Лисабон.
Станува збор за колумбиски напаѓач на 28 години, кој имаше неверојатна сезона во португалското првенство, забележувајќи 28 голови и 7 асистенции на 32 натпревари.
Суарез е високо на листата на желби на Ханси Флик, кој го одобри неговото доведување, а сега на потег е управата на каталонскиот клуб.
Интересно е што Луис Суарез го носи истото име и презиме како легендарниот уругвајски напаѓач, кој остави длабока трага во Барселона, постигнувајќи 195 голови на 263 натпревари.