
Во денешното време кога повеќето фудбалери патуваат со луксузни приватни авиони и се пофалуваат со тоа на социјалните мрежи, еден од најдобрите играчи во светот, Родри, повторно ја импресионира јавноста со својата простодушност.
Родри заврши со продолжениот одмор откако ја предводеше Шпанија до светската титула и заслужено ја доби наградата за најдобар играч на Светското првенство. Тој се упати кон Манчестер, а начинот на кој тоа го направи, го остави фудбалскиот свет воодушевен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На социјалните мрежи се појави видео каде Родри, исто како секој “обичен” патник, трпеливо чека на ред за влез во нискобуџетен лет.
Во видеото од аеродромот јасно се гледа како Родри е сосема опуштен и ненаметлив – облечен во обична сива маичка, бели шорцеви и капа која ја носи обратно.
Наместо ВИП терминал и приватен лет, шпанскиот ас го избра доцниот ноќен лет на авиокомпанијата Ryanair во 23:25, кој лета од Мадрид за Ливерпул, аеродром блиску до неговиот Манчестер.
Овој потег предизвика восхит кај навивачите, но за оние кои ја следат кариерата и приватниот живот на Родри, ова не беше големо изненадување. За разлика од многу негови колеги, Родри е познат како нетипичен фудбалер: нема профили на социјалните мрежи, нема тетоважи, а додека играше во Шпанија студираше и живееше во студентски дом. Дури и тогаш возеше половна Opel Corsa која ја купи од една постара дама.
Замислете да летате со Ryanair до Ливерпул и Родри опуштено чека заедно со вас на капијата 😭✈️
— DAZN Football (@DAZNFootball) August 14, 2026
(🎥 @kippaxgirlemily) pic.twitter.com/QdLh7Ogorh