
Шкендија вчера ја заврши европската авантура откако беше елиминирана од Хибернијан во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Тетовци не успеаја да го повторат минатогодишниот успех, но и ова лето успеаја добро да ја наполнат клупската каса.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На патот до третото квалификациско коло, македонскиот вицепрвак ги елиминираше Европа од Гибралтар и Браво од Словенија. Според наградниот фонд на УЕФА, секоја помината квалификациска рунда носи 175.000 евра.
Дополнително, Шкендија ќе инкасира и 550.000 евра за настапот и елиминацијата во третото квалификациско коло. Кога ќе се соберат сите приходи, тетовскиот клуб оваа сезона од европските настапи заработи повеќе од 900.000 евра.
Минатата година Тетовци остварија огромна заработка од европските натпревари, која надмина шест милиони евра.