Дома Фудбал Полноќна „бомба“ ја стресе фудбалска Европа: Се подготвува спектакуларен трансфер!

Полноќна „бомба“ ја стресе фудбалска Европа: Се подготвува спектакуларен трансфер!

Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен би можел да го напушти Галатасарај и да стане нов член на лондонскиот Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Виктор Осимен би можел по две години да го напушти Галатасарај и да ја продолжи кариерата во редовите на лондонскиот Арсенал. Вечерва се оддржаа првите преговори и Топчиите се уверени дека работата ќе ја завршат до крајот на преодниот рок.

Челниците на двата клуба се сретнале на преговори за Бразилецот Габриел Мартинели. Галата сака да го добие во своите редови и понудиле 45 милиони евра за неговите услуги.

Луѓето од Арсенал го искористиле состанокот за да се обидат да го завршат трансферот на Осимен. Се чини дека се на добар пат.

Менаџерот Микел Артета го сака Нигериецот во своите редови. Го означи како приоритетна цел и вечерва преговорите официјално започнаа.

Галата, според информациите, е подготвена да ја продаде 27-годишната ѕвезда. Цената не е поставена, но сумата од 75 милиони евра, колку што платија на Наполи минатото лето, може да биде доволна за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо по венчавката на тренинзите се врати со нов имиџ

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо, повторно е на тренинг со с…