Дома Фудбал ПСЖ и Барса ја завршија работата: Феран Торес е на „Паркот на принцовите“

ПСЖ и Барса ја завршија работата: Феран Торес е на „Паркот на принцовите“

Изгледа дека завршивме уште една трансфер сага, побрзо и побезболно од очекуваното.

Феран Торес ја продолжува својата кариера како играч на европскиот шампион Пари Сен Жермен.

Флориан Плетенберг и Фабрицио Романо известуваат, а кој сме ние да се сомневаме, дека сè е договорено и потврдено.

Пари Сен Жермен ќе плати на Барселона за Феран Торес 50 милиони евра.

Светскиот шампион со Шпанија ќе потпише договор до 2031 година.

Документацијата е подготвена, чекаме само Торес да ги заврши медицинските прегледи и да стави потпис на договорот.

Цената беше „снижена“ поради фактот дека договорот на Торес со Барселона важеше до 30 јуни 2027 година. Двете страни ја видоа својата шанса во ова – ПСЖ да донесе играч од калибарот на Феран Торес за „поволно“, а Барселона да извлече барем нешто бидејќи Торес јасно стави до знаење дека сака да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…