Дома Фудбал Сити ја одби и втората понуда за Родри, дали третата ќе биде успешна?

Сити ја одби и втората понуда за Родри, дали третата ќе биде успешна?

Родри ни денес нема да стане официјално играч на Барселона, бидејќи Манчестер Сити ја одби и третата понуда на каталонскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона се обиде да ја испита ситуацијата со понуда од само 45.000.000 евра со дополнителни бонуси до кружни 50.000.000, на што во Сити само се насмеале.

По тоа, Барселона испрати нова понуда која вкупно изнесуваше 60.000.000 евра вклучувајќи ги сите бонуси, но Сити ја одби и неа, со порака дека очекуваат понуда од 80.000.000 евра.

Барселона нема намера да плати толку, бидејќи знае дека Родри сака само на „Камп Ноу“, а исто така и дека Сити не сака да прави проблем на својата легенда на која му ветија дека ќе му овозможат да замине.

Каталонските медиуми открија дека Барселона во петок ќе испрати и трета понуда, која ќе изнесува вкупно 70.000.000 евра вклучувајќи ги сите можни бонуси и очекуваат дека за време на викендот договорот ќе биде завршен.

Ханси Флик сака Родри да биде на тренинзите веќе следната недела и постепено да го подготви неговото враќање на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рејндерс го договори трансферот што ги шокираше сите: Манчестер Сити прифати 61 милион евра

Тијани Рајндерс е на чекор од трансферот од Манчестер Сити во саудискиот Ал Кација. Како П…