Дома Фудбал ФИФА нема намера да застане: Светското првенство со дури 64 репрезентации се поблиску до реализација

ФИФА нема намера да застане: Светското првенство со дури 64 репрезентации се поблиску до реализација

ФИФА започна забрзана анализа на можноста за проширување на Светското првенство во 2030 година од 48 на цели 64 репрезентации. Независната агенција ќе има само четири недели да ги оцени спортските, финансиските и организационите последици од огромната промена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Светското првенство во 2026 година беше прво на кое учествуваа 48 репрезентации, но ФИФА веќе размислува за ново проширување. Првенството во 2030 година би можело да собра 64 национални тимови.

Според документот во кој Reuters имаше увид, светската куќа на фудбалот има намера да ангажира независна агенција. Нејзината задача ќе биде детално да ги анализира последиците од додавањето на уште 16 учесници.

„ФИФА сака да ангажира независна агенција која ќе утврди дали и на кој начин зголемувањето на бројот на учесници од 48 на 64 почнувајќи од изданието во 2030 година ќе влијае на вредноста на натпреварувањето“, е наведено во истражувачкиот документ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување: Милан го стави и Нкунку на продажба

Денеска во базата на Милан се одржа важна средба на која сопственикот Џери Кардинале ги ра…