
Еурофарм Пелистер ги дозна термините за сите шест натпревари во групната фаза од Лигата на Европа, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) го потврди комплетниот распоред.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Битолчани се најдоа во група со Гумерсбах, Ла Риоха и Вибжеже Гдањск, а европската сезона ќе ја отворат на домашен терен.
Првиот натпревар „зелено-белите“ ќе го одиграат на 30 септември од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“, каде ќе ја пречекаат Ла Риоха. Веќе една недела подоцна следува првото гостување, против Вибжеже Гдањск во Полска.
Во третото коло Пелистер ќе гостува кај Гумерсбах, додека по паузата во ноември следуваат два последователни натпревари во Битола – против Гумерсбах и Гдањск.
Групната фаза битолчани ќе ја завршат на 1 декември со гостување кај Ла Риоха.
Распоред на Еурофарм Пелистер:
- коло – 30 септември, 20:45: Еурофарм Пелистер – Ла Риоха
- коло – 6 октомври, 18:45: Вибжеже Гдањск – Еурофарм Пелистер
- коло – 13 октомври, 18:45: Гумерсбах – Еурофарм Пелистер
- коло – 17 ноември, 20:45: Еурофарм Пелистер – Гумерсбах
- коло – 24 ноември, 18:45: Еурофарм Пелистер – Вибжеже Гдањск
- коло – 1 декември, 20:45: Ла Риоха – Еурофарм Пелистер