
Кошаркарскиот клуб Панатинаикос изрази желба да го ангажира Никола Јокиќ ова лето, откри во интерјувот за Евроинсајдерс првиот човек на “зелените” Димитрис Јанакопулос.
“Играчот за кого сонувам да го доведам, а сè уште не сум го потпишал: ќе го потпишам следната сезона. Проблемот е што веќе имам тројца играчи со тригодишни договори на таа позиција. Каде ќе игра? Тоа го размислував синоќа. Тоа е Јокиќ: најдобриот играч во светот. Не се смејте воопшто.
Ако не го доведам Јокиќ, не одам никаде. Оваа година се обидов да дадам понуда. Побарајте го Мишко Ражнатовиќ и прашајте го. Луѓето ќе кажат дека се шегувам, но оваа година дадов многу сериозна понуда и на неговиот тим и на него. Беше одбиена”, рече Јанакопулос.
Грчките медиуми веднаш го контактираа Мишко Ражнатовиќ кој потврди дека тие зборови се вистинити.