
Жозе Мурињо мораше да ги земе работите во свои раце, за да „објасни“ некои работи на челниците на Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ендрик би можел оваа сезона да има многу поважна улога во Реал Мадрид отколку што претходно се очекуваше, а зад таквото сценарио, според информациите кои ги носи Diario AS, стои и интересен став на Жозе Мурињо.
Португалецот, кој своевремено го водеше Реал Мадрид, верува дека младиот Бразилец може да биде многу важен играч за кралскиот клуб во новата сезона.
Токму затоа, според наводите на Diario AS, Мурињо му порача на клубот да ги прекине сите разговори за можната позајмица на Ендрик.
Мурињо смета дека не е потребно да се бара нова средина за Ендрик за да добие шанса, туку тој треба да остане во Мадрид и да се обиде да се наметне во конкуренцијата за место во тимот.