
Бразилскиот напаѓач Ендрик е новиот сопственик на бројот девет во Реал Мадрид, но може наскоро да замине.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реал Мадрид денес ги објави бројките за новата сезона, а Ендрик ја презеде “деветката”, која последен ја носеше Килијан Мбапе во неговата прва година во Мадрид.
Според последните информации, Бразилецот ги разгледува опциите бидејќи знае дека ќе има намалена минутажа поради доаѓањето на Јан Диоманде и Карлос Еспија.
Наводно, Астон Вила покажа голем интерес за негово ангажирање за една година, бидејќи Реал Мадрид разгледува само нова позајмица по претходната во Лион.
Ендрик за Реал Мадрид одигра 40 натпревари, постигна седум голови и запиша една асистенција, а во дресот на Лион блесна, со 21 натпревар каде постигна осум погодоци и исто толку асистенции.
Освен Астон Вила, се спомнува дека го сакаат и Рома и Бетис, но Астон Вила води во трката за неговиот потпис.
Наводно, Реал Мадрид и Ендрик оваа недела ќе донесат одлука, односно дали Бразилецот ќе оди на нова позајмица или не.