Дома Фудбал ПСЖ и Барселона се договориле за цената на Торес

ПСЖ и Барселона се договориле за цената на Торес

Трансферот на Феран Торес од Барселона во Пари Сен Жермен ќе биде финализиран за неколку дена. Светскиот шампион со Шпанија веќе се има договорено со Парижаните за договор до 2031 година, а веќе неколку дена Деко и Луис Кампос преговараат за цената на напаѓачот. Според „Марка“, двата клуба веќе имаат постигнато договор и Парижаните подготвуваат понуда во износ од околу 50 милиони евра.

Феран треба да ги обнови тренинзите со Барселона утре или задутре, но бидејќи зделката е многу блиску, најверојатно тој ќе добие одложување и во следните денови директно ќе патува за Париз, што е и неговата желба.

Санти Ауна и Фабрицио Романо исто така ја потврдуваат информацијата дека двата клуба се сосема блиску до договор за трансфер со вредност од 50 милиони евра. Италијанскиот трансферен експерт дури тврди дека понудата веќе е испратена.

Преминот на Торес на „Парк де Пренс“ може да ги олесни преговорите меѓу ПСЖ и Ливерпул за Брадли Баркола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хакер „влезе“ во телефонот на новинарот и објави кој ја освои Златната топка!

Нова приказна ја тресе фудбалската јавност пред доделувањето на Златната топка за 2026 год…