
Барселона работи полна пареа на трансферите на Родри и Хулијан Алварез, но Деко и неговите асистенти во тишина вршат уште една фантастична работа која набргу би можела да биде завршена.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Деко ова лето врши одлична работа во Барселона кога се во прашање трансферите, што се однесува и на засилувањата и на играчите кои успеа да ги продаде или да ги прати на заем.
Секако, по доаѓањето на Ентони Гордон и Карим Адејеми главната тема овие денови се Родри и Хулијан Алварез кои се главни цели на Барселона до крајот на трансфер периодот.
Со Родри Барселона веќе се договори и се чека само официјалната потврда од тој трансфер, а денес е клучен ден кога станува збор за Алварез кој ќе разговара со раководството на Атлетико Мадрид и ќе се обиде да ги убеди да го пуштат во Барса.
Но, покрај Родри и Алварез раководството на Барселона работи тивко на уште еден фантастичен трансфер.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона го обновила интересот за Алесандро Бастони и се обидува да го доведе стоперот на Интер до крајот на овој трансфер период.